Издавачки куќи

Матица македонска е основана во 1991 година. Нејзин основач и сопственик е поетот Раде Силјан. Како една од првите приватни компании од областа на културата во Македонија, започна со неколку наслови од македонското културно наследство и етнологија.

Со повеќе од 32,000 наслови од сите жанрови на општественото и социјалното живеење, со публикувани над 3 милиони книги, мисијата на Матица беше и остана насочена кон развојот на духовните вредности на македонските писатели и научници.

 

Издавачки центар ТРИ е основан на 23 ноември 1999 година. За многу кус период ТРИ се наметна како мошне сериозен и инвентивен издавач на македонската културна сцена, пред сè поради својата ориентација кон најактуелните книги во светот. Денес ТРИ ја продолжува својата мисија – секогаш да биде во чекор со важните случувања на светската книжевна и културна сцена. Како свој приоритет си ја поставивме целта да ја направиме книжевноста достапна до сите – за да ги прошириме хоризонтите, да се доближиме до светот, духовно да се збогатиме.

Основана во 2005 година како репро студио со мисија да ги подигне стандардите во издаваштвото на повисоко ниво, денес Арс ЛАМИНА е најголемиот и најважниот издавач на академската и научната литература во земјата, со преку 500 објавени наслови од областа на економијата, правото и политичките науки, архитектурата и градежништвото, медицината, земјоделството, како и современата белетристика, преку објавување на преводи на македонски јазик на најпродаваните и најнаградуваните светски автори. Арс ЛАМИНА е на официјалната листа на 200 најуспешни компании во Македонија.

 

Големиот обем на издадени книжевни дела поврзани со домашните проекти, во 2012 година, ја наметна потребата за комерцијализација на издавачката дејност на Конгресен сервисен центар - Полица. Визијата е да се зголеми бројот на комерцијална изданија, и да се збогати пазарот со нови и атрактивни наслови. Имаме востопставено контакти со врвните издавачки куќи во светот, со цел секогаш на читателите да им понудиме добри наслови.

 

Ние живееме за книгите. Нашата цел е да им го понудиме најдоброто што постои на нашите читатели: најдобрите книги, најдобрите преводи, најдобрите понуди и сето тоа по прифатливи цени.

 

Како секогаш оригинална и, во секоја смисла, независна издавачка куќа од Скопје, станавме препознатливи по своите водечки идеи и висококвалитетни книги.
Од самиот почеток се трудиме да понудиме успешни изданија за оние што го бараат најдоброто за себе и за своите најблиски.
Нашиот креативен импулс е насочен кон читателите, но и кон книжевната заедница, која секогаш ја водиме кон промени на подобро.
Нашата сила се и моќните и омилените авторски гласови од широкиот универзум на литературата, но и сите оние што на каков било начин се поврзани со делата на неговото височество Писателот.

Ѓурѓа е првата независна издавачка куќа во Македонија, присутна со своите многубројни изданија веќе 35 години. Нашата куќа е одамна профилирана и препознатлива по цивилизациските и трајни вредности на делата и авторите што ги издаваме, а кои се неопходни во секоја национална култура.
Првата книга со нашиот знак излезе од печат во 1987 година. До денес имаме објавено над 1.000 наслови, од сите области на литературата и на науката, кои се наш своевиден заштитен знак.

Формирана е во 1945 година и денес со гордост може да се каже дека претставува бренд во издаваштвото во Македонија. Опстојува долги години во издавачка дејност, почнувајќи од своите скромни почетоци кон средината од минатиот век, па сè до влезот во новиот милениум, Култура објавувала и објавува книги од сите видови жанрови. Затоа, денес, Култура продолжува да чекори по добропрепознатливата насока во издаваштвото, трудејќи се да остане што е можно повеќе во чекор со современите трендови во светското издаваштво, да ги следи актуелностите во издавачката индустријата, и да излезе во пресрет на потребите на современите читатели. Години наназад со изданијата на Култура се оформиле и просветлиле безброј генерации – па затоа Ви препорачуваме истото да го направите и Вие.

Артконект е компанија основана во март 2016, a во 2017 година започнува дејност како издавачка куќа. Нашата издавачката дејност примарно е фокусирана на преводната литература, при што нашиот интерес е насочен кон три сегменти – фикција, литература за деца и стручни теориски дела од областа на филозофијата, антропологијата, теоријата на литературата и уметноста, есеистиката, книжевната и уметничката критика.

 

Издавачката куќа “Топер” егзистира уште од 1992 година.Нејзин раководител од самиот почеток е Томислав Станојевиќ, а брои 12 вработени. “Топер” во Скопје има 4 книжарници на атрактивни локации, а изданијата на “Топер “ можат да се најдат и во преку седумдесет други продажни места низ Републикава. Основна дејност на “Топер” е издавање литература за деца, и тоа преку картонски сликовници за најмладите до енциклопедиски изданија за деца и возрасни. “Топер” , како еден од најконкурентните издавачи на пазарот кај нас, се води од идејата на нашата читателска публика секогаш да и понуди најквалитетни изданија од повеќе области, за да нашите читатели имаат широк избор од профилираната понуда.

Компанијата „Бата прес“ како новинска агенција е основана 1992 година. Во почетоците дејноста беше широка. Во 1996 беше издадена првата книга. Оттогаш, па до 2011 година „Бата прес“ продолжи со издавање книги, претежно од афирмирани македонски автори и преводи на книги од соседството. Од 2011 година дојде до промена на организациската структура на компанијата и беше поставена новата мисија во која главен збор има издаваштвото. Инспирирани од вредноста на книгата, поставена е нова мисија, во која создаваме книги кои ја поврзуваат креативноста на авторите, со желбата за читање на неуморните љубители на книгата. Ние ви нудиме да влезете во еден поинаков свет, создаден од книгите. Нашата визија е да ја подигнеме свеста на младите за вредноста на книгата. 

Просветно дело како компанија е формирана на 16 април 1945 година, врз основа на Решението на Президиумот на АСНОМ, од 31 март 1945 година, со задача да печати и издава книги, списанија и публикации со научна, културна и уметничка содржина, како и учебници за основно и средно образование. Првиот буквар на македонски јазик, а нешто подоцна и првиот правопис и првата граматика на македонски јазик, се изданија на Просветно дело.

 

Книготека Икона

 

Ние сакаме да го донесеме најдобриот напишан збор до читателите, зашто зборот е храна за човековиот разум и душа.

 

Бегемот е издавачка куќа основана во 2009 година и примарно посветена на објавување книжевна фикција. Корпусот објавени книги изнесува повеќе од 80 изданија соодветно организирани во неколку серии. Голем дел од нашите изданија се преводи од десетици јазици од повеќе од 20 земји.

 

Норша издаваштво

Изданија што се обидуваат да го сменат светот.