Приватност и сигурност на податоци

 

Личните податоци доброволно поднесени од нашите посетители при правење на нарачка: име, презиме, адреса, контакт телефонски број и електронска адреса, се прибираат и употребуваат со цел да се достави направената нарачка до крајниот корисник. Овие информации се користат единствено за цел исполнување на нарачките, освен доколку не ни обезбедите дозвола да ги користиме за друга цел, на пример користење на вашата електронска адреса во промотивни цели.

Личните податоци кои ги оставате при регистрација на нашата веб страница име, презиме, адреса, контакт телефонски број и електронска адреса, се прибираат и употребуваат со цел да ви се овозможи електронско нарачување на вашите производи, како и добивање на промотивни материјали (доколку сами доброволно се пријавите за нашиот буклетер).

Личните податоци поднесени во нашата контакт форма: име, презиме и електронска адреса со цел да комуницирате со нас за одредено прашање, се користат за да ви одговориме на вашите прашања/барања/коментари и со тоа да го подобриме корисничкото искуство на посетителите на нашата веб страница.

Личните податоци ќе бидат чувани во форма што овозможува идентификација на субјектот на личните податоци, не подолго од што е потребно да се исполнат целите поради кои податоците се собрани за натамошна обработка, по што истите се бришат и уништуваат.

Податоците кои ги внесувате при плаќање со платежна картичка директно на нашата веб страна, се податоци кои ние не ги чуваме, а се процесираат преку https безбедносна конекција преку платежниот процесинг систем на НЛБ Банка. Во моментот кога го вршите плаќањето и ги внесувате податоците тие се процесираат преку https безбедносниот протокол на банката со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија и за нас не се видливи податоците од вашата платежна картичка; единствена информација за вашата трансакција која е видлива за нас е вашето име и презиме од платежната картичка, последните 4 броја од картичката и сумата на која е извршена трансакцијата, додека сите останати информации се енкриптирани.

Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката.