Плаќање, испорака, рекламации
Плаќање
На оваа веб страна, во моментов ви нудиме 2 опции за плаќање, плаќање при испорака (достава) и плаќање со уплатница. Во меѓувреме работиме и на воведување и на трета опција - директно плаќање со платежна картичка, за кое активирање ќе бидете навремено известени.
Плаќање при достава подразбира дека сумата за чинење на вашите нарачани производи (плус цената за испорака) ќе му ги исплатите на доставувачот при испорка/превземање на истите, при што потпишувате валиден документ дека одредената сума на пари е предадена на доставувачот.
Плаќање со уплатница можете да извршите во било која банка на територијата на Р. Северна Македонија (или по електронски пат доколку имате таква можност) Податоците за пополнување на уплатницата, ќе ги најдете тука. Имајте предвид дека уплатените средства ние ќе можеме да ги видиме на нашата сметка дури наредниот ден кој ќе се смета за прв ден од процесирање на нарачката.
Трошоците за испорака се наплаќаат и истите ќе бидат точно претставени. Збирот на цената за производот и цената на испорака (достава) ќе бидат јасно и одвоено истакнати и назначени во крајната сума која ќе треба да ја платите на вашиот избран начин на плаќање.
Избор на начинот на плаќање и начинот на испорака не е автоматски и истиот го вршите сами во процесот на нарачка. Ве молиме одберете ги соодветните начини, бидејќи цените се различни за различни опции. Доколку избраниот начин не соодветствува со реалноста, ќе добиете електронска порака за корекција.
Со секоја успешно комплетирана нарачка, на вашиот e-mail кој сте го навеле во вашата нарачка ќе добиете потврда за успешно реализирана нарачка со сите информации од нарачката.
Испорака (достава)
Скопје (без приградските населби)
Цената на испорака за Скопје е фиксна и изнесува 100ден.
Нарачаните производи ќе ви бидат доставени најдоцна до 3 работни дена, по процесирањето на вашата нарачка, до адресата која сте ја навеле како адреса на испорака.
Територија на Р. Северна Македонија (освен Скопје)
Испораката надвор од Скопје (вклучително и приградските населби) ја вршиме со посебна курирска служба. Цената е фиксна и изнесува 150ден за избран начин на плаќање при испорака и 100ден за избран начин на плаќање со уплатница.
Сите нарачки над 1500 ден се со бесплатна испорака на територијата на цела Р. Северна Македонија.
Сите наведени цени се однесуваат на нарачки со вкупна тежина до 5кг, за нарачки со тежина над 5кг се пресметуваат други цени.
Нарачаните производи ќе ви бидат доставени најдоцна до 5 работни дена, по процесирањето на вашата нарачка, до адресата која сте ја навеле како адреса на испорака.
Испорака во сабота по 15 часот, во недела и на државни празници не се врши.
Доколку нарачката е направена по 17 часот, од наша страна ќе биде процесирана наредниот работен ден и, откако ќе се добие потврда за успешната трансакција, започнува да тече периодот за испорака.
Доколку нарачката е направена во петок по 16 часот, во сабота, во недела или на неработен ден, оваа процедура започнува од првиот нареден работен ден. Во рокот на испорака не се пресметуваат викендите и неработните денови.
Доколку има доцнење на испораката од страна на компанијата што е ангажирана за извршување на испораката, БЕЈКЕР СТРИТ ПАБЛИШИНГ ДООЕЛ не може да преземе никаква одговорност.
БЕЈКЕР СТРИТ ПАБЛИШИНГ ДООЕЛ го задржува правото да ги промени цените и условите на испорака во секој момент. Сите промени стапуваат во сила веднаш по нивното објавување на оваа веб страна.
Политика на враќање и размена на производи
Враќање или размена на производи се врши само за производи купени од оваа веб страна (електронска продавница) и под одредени услови.
Секој купувач е должен при преземање на производот да го провери од евентуални оштетувања, а доколку се работи за повеќе производи, да провери дали некој производ недостига.
Доколку производот е испорачан оштетен или доколку недостига одреден производ од нарачката, купувачот треба да нè информира веднаш за да преземеме мерки за отстранување на ненамерната грешка. (Види дел - поддршка на корисници). Во овој случај, трошоците за замена на производот нема да бидат на товар на купувачот.
Се заменуваат производи доколку е направена грешка во испораката и ви е испорачан погрешен или оштетен производ (од наша страна), при што цената за враќање и повторна достава паѓа на наш трошок. Производот го враќате во оргиналната амбалажа во која ви е доставен, во рок од 7 дена со приложениот документ при испорака.
БЕЈКЕР СТРИТ ПАБЛИШИНГ ДООЕЛ се оградува од штети на користени производи кои не се направени од наша страна!