Услови на користење

Општи услови

Бејкер стрит е продавница за книги, специјализирана за криминалистичка фикција. Во нејзините рамки функционира веб страната www.bakerstreet.mk како место за електронска (on-line) продажба на книги, споделување на информации, комуникација со нашите читатели и сл.

Добредојдовте на www.bakerstreet.mk.

Веб страната (електронската продавница) е во сопственост на БЕЈКЕР СТРИТ ПАБЛИШИНГ ДООЕЛ Скопје. Со вашиот пристап на веб страната, се согласувате со општите услови на користење. Употребата на содржините на страницата, како и направените трансакции, се предмет на одредени услови и правила, поради што ве замолуваме, внимателно да ги прочитате.

БЕЈКЕР СТРИТ ПАБЛИШИНГ ДООЕЛ Скопје не презема одговорност доколку корисникот на страната не ги прочитал јавно достапните информации и услови од оваа страница.

На оваа веб страна вашите лични податоци се безбедни и заштитени со политиката за приватност и заштита на личните податоци. Повеќе околу тоа можете да прочитате во делот Приватност и сигурност на податоци.

Ние се трудиме да обезбедиме највисока безбедност на нашата веб страна, но и покрај тоа не можеме да гарантираме дека е невозможен пристап на хакери, компјутерски вируси и сл. Вие се согласувате да ја употребувате нашата веб страна на сопствен ризик.

Целата содржина на оваа страница, вклучително и формата, изгледот, сликите, информациите, дизајнот и сите достапни податоци, е интелектуална сопственост на БЕЈКЕР СТРИТ ПАБЛИШИНГ ДООЕЛ Скопје, заштитена со закон.

Преземањето информации, податоци и слики, нивната дистрибуција, пренос или користење на линкот од оваа страница е забрането. Нивната употреба е можна само за некомерцијални цели и лична употреба, како и изрична дозвола од страна на БЕЈКЕР СТРИТ ПАБЛИШИНГ ДООЕЛ Скопје и каква било злоупотреба на податоците и на опциите што ги нуди оваа страница е недозволена.

Споделените информации на оваа страница имаат информативен карактер. Ние секогаш ќе настојуваме на најголема точност на информациите, но можни се отстапувања и пропусти во информирањето, во зависност од изворот на информациите.

Продажба на производи

За купување производи преку www.bakerstreet.mk важат цените (во денари) наведени на страницата.

Количините на производите се ограничени. Во согласност со тоа, одредена нарачка може да биде откажана поради исцрпување на залихите.

Регистрирањето Мој профил не е задолжително за да се реализира нарачката, но при нарачката задолжителни се податоците за контакт (име и презиме, адреса, држава, поштенски код, телефонски број и e-mail), како и адресата за испорака. Висината на поштарината (цената на испорака)  зависи од населеното место наведено на адресата за испорака како и од избраниот начин на плаќање. (Повеќе за ова прочитајте во делот Плаќање, испорака и рекламации)

Со секоја успешно извршена нарачка, на вашиот e-mail кој сте го навеле во вашата нарачка ќе добиете потврда за успешно реализирана нарачка со сите информации од нарачката. Во случај кога купувањето е извршено од правно лице кое има потреба од испечатена фактура (со печат и потпис), истата ќе може да се добие по пошта на ваше барање.

Кориснички профил

Регистрирањето на кориснички профил не е задолжително за да се реализира нарачката, но доколку го направите тоа, со регистирањето и најавувањето на нашата веб страна, имате одговорност за зачувување на приватноста на вашето корисничко име и лозинка и сте должни да превземете одговорност за сите активности кои ќе се одвиваат со вашето корисничко име.

Mалолетни лица под 18 годишна возраст немаат право на услугите без надзор од родител, односно доколку имате под 18 години, можете да ги користите услугите на страната единствено со придружба на родител или старател, кој ќе одговара за плаќањето со неговата/нејзината дебитна или кредитна картичка.

Со користење на оваа веб страна се согласувате со Општите услови, спомнатите политики, како и со сите релевантни закони на Р. Северна Македонија.

Правилата и условите наведени погоре, се со цел да им користат и да ги заштитат нашите потрошувачи. БЕЈКЕР СТРИТ ПАБЛИШИНГ ДООЕЛ го задржува правото да ги менува Условите на користење и истите ќе стапат на сила веднаш по нивното објавување на веб страната.

КУПУВАЧОТ Е ЗАПОЗНАЕН И СОГЛАСЕН СО УСЛОВИТЕ И СО ПРАВИЛАТА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦАТА www.bakestreet.mk И СЕ ОБВРЗУВА ДА ГИ ПОЧИТУВА ВО ЦЕЛОСТ.