Платете со уплатница и заштедете 50ден. на испорака!
Од денес (28 април 2022) воведуваме уште еден начин на плаќање – плаќање со уплатница.
Сите испораки со избран начин на плаќање – со уплатница, чинат 100ден на цела територија на Р. Македонија (освен Скопје)
За да платите со уплатница, потребно е при начин на плаќање и начин на испорака да одберете – плаќање со уплатница.
Плаќање со уплатница можете да извршите во било која банка на територија на Р. Македонија или електронски доколку имате таква можност.
Податоци за плаќање со уплатница:
ЛЕВА СТРАНА - УПЛАТУВАЧ
Назив и седиште на уплатувач: го пишувате Вашето име и презиме и Вашата адреса на живеење (од л.карта)
Банка на уплатувач: се остава празно
Повикување на број: се остава празно
Цел на дознака: за нарачка бр – ??? го пишувате бројот на вашата нарачка кој ќе го добиете во меилот за потврда на нарачка, веднаш откако ќе ја комплетирате нарачката на нашата on-line продавница
ДЕСНА СТРАНА – ПРИМАЧ
Назив и седиште на примач: Бејкер стрит фикшн дооел Скопје
Банка на примач: НЛБ Тутунска банка
Трансакциска сметка: 210075847410185
МКД: ја пишувата крајната сума (цена на производи + испорака) за вашата нарачка
Доколку плаќате со уплатница во кеш, ја користите сината уплатница од сликата погоре – ПП10.
Доколку плаќате директно од Вашата сметка или електронски, искоритете ги истите податоци прикажани погоре.
Доколку имате какви било проблеми или прашања слободно контактирајте не тука, во формата за контакт, или на маил: info.bakerstreet@yahoo.com
Ве очекуваме!