Матица македонска

Матица македонска е основана во 1991 година, 45 дена пред референдумот за самостојност на Република Македонија. Нејзин основач и сопственик е поетот Раде Силјан. Како една од првите приватни компании од областа на културата во Македонија, започна со неколку наслови од македонското културно наследство и етнологија. Со повеќе од 32,000 наслови од сите жанрови на општественото и социјалното живеење, со публикувани над 3 милиони книги, мисијата на Матица беше и остана насочена кон развојот на духовните вредности на македонските писатели и научници.