Премини на информации за производот
1 исклучено 2

Во сенката на злосторот

Хелена Хеншен

Редовна цена ден 300.00 MKD
Редовна цена Продажна цена ден 300.00 MKD
Попуст Распродадено
/

На 7 март 1932 година во познатото шведско семејство Фон Сидов се одвивала крвава драма, која не престанала да го интригира вниманието на јавноста сè до денес. Толкав шок и интерес од пошироката јавност предизвикале само уште убиствата на шведскиот премиер Улоф Палме и на министерката за надворешни работи Ана Линд.

Во Стокхолм студентот по право Фредрик фон Сидов со железна прачка ги убил својот татко Јалмар, окружен судија и претседател на шведското Здружение на работодавците, и нивните две слугинки. Заедно со својата сопруга Софи избегал во хотел во Упсала, каде што, откако ги пронашла полицијата, со пиштол ја застрелал сопругата, а потоа и себеси.

Види повеќе

Зошто го направил тоа? Убиствата со години биле главна тема во цела Скандинавија. Срамот на семејството бил голем, тие биле „фини“ и за такви работи не се зборувало јавно. Општествен скандал било најлошото што можело да се случи на некое шведско семејство од повисоката класа.
Убиецот бил вујко на авторката Хелена Хеншен, чија мајка имала 15 години кога се случиле бруталните и никогаш докрај разјаснети убиства. Обидувајќи се да го сфати она што мајка ѝ никогаш не можела да ѝ го раскаже, Хеншен со ова дело го прекинала молкот, а како резултат на тоа пред читателите е еден силен и импресивен роман.

„Во сенката на злосторот“ е награден со наградата на читателите на списанието „Ви“ и со Наградата за литература на Европската Унија во 2009 година.

Издавач

Антолог

Детали за производот

ISBN: 978-608-243-360-8
Година на издавање: 2019
Број на страници: 256

Информации за испорака

Цената на испорака за Скопје е фиксна и изнесува 100ден.

Испораката надвор од Скопје е фиксна и изнесува 150ден. доколку плаќате при испорака и 100ден. доколку плаќате со уплатница

Сите нарачки над 1500 ден се со бесплатна испорака на територијата на цела Р. Македонија.

За повеќе види тука