Премини на информации за производот
1 исклучено 2

Гробницата на Херкул

Енди Мекдермот

Редовна цена ден 400.00 MKD
Редовна цена Продажна цена ден 400.00 MKD
Попуст Распродадено
/

Авантурите на Нина и Чејс не застануваат со пронаоѓањето на Атлантида, ниту со спасувањето на човештвото.

На заливот Кадиз е поставена гигантска радарска платформа. Пред петнаесет месеци градот на изгубената цивилизација на Атлантида, за кој долго се верувало дека е само мит, е откриен од страна на д-р. Нина Вајлд токму на местото каде што е платформата. Бидејќи единствената видлива структура – големиот храм на Посејдон е уништена, се мислело дека нема ништо друго останато. Но радарските истражувања откриле многу други делови од градот. Во страв дека можеби ќе се појави уште некој кој ќе сака да го сведе човештвото само на потомците на Атлантида, поточно уште некој како Фрост, операцијата останува тајна, а исто така и местото се истражува во тајност.

Извршниот директор на Интернационалната агенција за наследство, односно на операциите, не е никој друг, туку д-р. Нина Вајлд, и се разбира дека нејзините авантури не се ни до половина завршени.

По уништувањето на платформата од страна на Џо Комоса, започнува акцијата, бидејќи меѓу другото од компјутерот на платформата пред таа да биде уништена тој ги ископирал двете досиеја на Нина и на Чејс.

Види повеќе

Овојпат целта е познатата или поточно не доволно познатата легенда за Гробницата на Херкул! За тоа на Нина ѝ е потребен оригиналниот текст од Платон – Хемократес. Текст кој бил забранет во деветнаесетиот век.
Што сакаат луѓето на Јуен од Нина и Еди, за кого всушност работи Џо Комоса и каква е целта на повторната средба на Еди со неговата поранешна сопруга – Леди Софија, која меѓу другото сега е сопруга на Јуен?
Додека Чејс се труди да ја ослободи Софија од канџите на Јуен во Шангај, Нина се наоѓа во неволја во Њујорк. Прегледувајќи го оригиналниот текст на Платон во еден момент а веќе во другиот Нина е среде метеж и мртви тела трудејќи се да им побегне на луѓето на Јуен, не знаејќи дали ја сакаат неа или текстот...
Случајното откритие на Нина ѝ дава надеж дека можеби, само можеби ќе може да дојде до местоположбата на Гробницата на Херкул. Скриените знаци на секоја празна задна страница од текстот ѝ го даваат тоа до знаење, но штета што во обидот да им побегне на гонителите таа губи неколку од страниците.
Со повторното влегување на Софија во животот на Еди, Нина сфаќа дека нивната врска е разнишана и длабоко е навлезена во криза. Но мисијата ѝ потрагата е на прво место, а врската со Еди може да почека...

Издавач

Просветно дело

Детали за производот

ISBN: 978-9989-30-970-0
Година на издавање: 2010
Број на страници: 487

Информации за испорака

Цената на испорака за Скопје е фиксна и изнесува 100ден.

Испораката надвор од Скопје е фиксна и изнесува 150ден. доколку плаќате при испорака и 100ден. доколку плаќате со уплатница

Сите нарачки над 1500 ден се со бесплатна испорака на територијата на цела Р. Македонија.

За повеќе види тука