Премини на информации за производот
1 исклучено 2

Девојката од Бондстил

Тања Јанковиќ

Редовна цена ден 290.00 MKD
Редовна цена Продажна цена ден 290.00 MKD
Попуст Распродадено
/

Тања Јанковиќ, во збирката раскази Девојката од Бондстил, низ исповедта на главните јунаци сведочи за животот во американската воена база и ги разбива предрасудите за НАТО кампот, во кој Дијана, преведувачката и централната личност на оваа книга, минува три години. Во ова возбудливо авантуристичко четиво, со елементи на автобиографија, читателот ќе го изненадат многу неверојатни ситуации: Дијана ќе биде единствената Србинка на отворањето на албанската дискотека, за малку ќе се омажи за еден Албанец од Њујорк, ќе станат кумови со Албанката Армида, најпосле ќе заврши во затвор...

Искрените и трајни пријателства кои ги негува главната хероина, но и односите спрема војниците и другите жители во базата кои служат во неа, за неа претставуваат уште еден доказ дека предрасудите кои се одомаќиниле за раскараните балкански соседи имаат свој лик и во црно-белата слика за „спасителите“ и „окупаторите“ од редовите на сојузничките земји и големите сили.

Во Бондстил, најголемата база на НАТО на Балканот, видов нешта за кои сметав дека постојат само во филмовите. Бев фасцинирана од големината на кампот кој наликува на еден мал град и каде што живеат околу 10 000 луѓе - околу 8000 војници и 2000 цивили кои работат за војската. Меѓу нив, и ние, преведувачите. Имав и неколку брачни понуди, но само не од него, која, веројатно, ќе ја прифатев. Станува збор за еден Американец од албанско потекло. Разговаравме за бракот, мене не ми претставуваше проблем тоа што тој е Албанец, но и моите, на крајот, ќе ја прифатеа нашата врска. Но, другата страна... Неговиот татко доживеал инфаркт кога другиот син се оженил со Германка. Снаата Србинка, секако, немало да ја преживее! Работев за една од најчувствителните единици во американската војска. Тоа се таканаречените криминални истраги, нешто како нашата воена безбедност.

Види повеќе

Тие немаат чинови, тие се агенти и имаат овластување да уапсат, дури и еден генерал. Со нив ми беше супер, бидејќи не морав да носам униформа и можев да користам Интернет во кампот, но и останатата војска многу се плашеше од агентите, па тоа максимално го користев за да се правам важна пред војниците и на нив да „тренирам строгост“...

Издавач

Просветно дело

Детали за производот

ISBN: 978-608-228-148-3
Година на издавање: 2012
Број на страници: 164

Информации за испорака

Цената на испорака за Скопје е фиксна и изнесува 100ден.

Испораката надвор од Скопје е фиксна и изнесува 150ден. доколку плаќате при испорака и 100ден. доколку плаќате со уплатница

Сите нарачки над 1500 ден се со бесплатна испорака на територијата на цела Р. Македонија.

За повеќе види тука