Падот на Берлускони: 120 денa кои го уништија Берлускони
Паоло Колонело, Леонардо Коен
На 5 јуни 2010 година, некаде околу 6 часот наутро, миланската полиција прима повик од Карима Ел Махруг: малолетната Мароканка се жали дека е претепана од извесна Бразилка по име Мишел де Консеисао. „Обична караница меѓу проститутки“ – така гласи првичната проценка по приведувањето на девојките. Но потоа следи изненадувањето: низа полноќни повици до полициската станица од лица со чудни функции кои тврдат дека премиерот на Италија бара Карима да биде пуштена веднаш заради тоа што е внука на египетскиот претседател Хосни Мубарак. Информацијата е набрзо проверена. И не е точна.
Пишувана како детективски роман (само без фиктивните елементи), „Падот на Берлускони“ ги следи хронолошки, детаљ по детаљ, сите фази од полициската истрага што следи по оваа вечер и кулминира со расветлувањето на најголемиот скандал во политичката историја на Италија. И сè е тука: стомачните танци, еротските масажи, италијанската новинарска елита, ентузијазмот на Емилио Феде, оргијастичните забави. Недостасуваат само соодветните игриви медиумски називи: Рубигејт и бунга-бунга.
Види повеќе
Види повеќе
Издавач
Издавач
Арс ЛИБРИС
Детали за производот
Детали за производот
Информации за испорака
Информации за испорака
Цената на испорака за Скопје е фиксна и изнесува 100ден.
Испораката надвор од Скопје е фиксна и изнесува 150ден. доколку плаќате при испорака и 100ден. доколку плаќате со уплатница
Сите нарачки над 1500 ден се со бесплатна испорака на територијата на цела Р. Македонија.
За повеќе види тука