Само Бог простува
Анде Јанков
Декември, 2019 година. Полицискиот инспектор Виктор Николов по годишниот одмор се враќа на работа на Одделот за крвни деликти. Зимата на голема врата чука на портите на главниот град, кој полека се подготвува за претстојната празнична сезона.
Едно понеделничко утро, во Скопје е пронајдена убиена жртва во подрумот под градскиот трговски центар. Навидум обичното убиство со лихварска заднина бргу се покажува како покомплицирано, кога следната недела е пронајдена нова жртва, убиена под слични околности, без каква било поврзаност со претходниот случај. Одеднаш, Виктор со колегите од Одделот е соочен со свиреп сериски убиец, кој од страна на новинарската фела го добива прекарот Одмаздникот и кој зад себе не остава траги, освен мистериозната порака најдена на местата каде што напаѓа.
Види повеќе
Види повеќе
Издавач
Издавач
Антолог
Детали за производот
Детали за производот
Информации за испорака
Информации за испорака
Цената на испорака за Скопје е фиксна и изнесува 100ден.
Испораката надвор од Скопје е фиксна и изнесува 150ден. доколку плаќате при испорака и 100ден. доколку плаќате со уплатница
Сите нарачки над 1500 ден се со бесплатна испорака на територијата на цела Р. Македонија.
За повеќе види тука