Семејството на Паскуал Дуарте
Камило Хозе Села
Краткиот роман е претставен како приреден препис од последните белешки на насловниот лик кој, чекајќи ја својата смртна казна, се навраќа на нештата што го натерале да ги изврши злосторствата за кои е обвинет. Но како што се ближи кон крајот на својот отпрво ветувачки исказ, читателот, секогаш во потрага по недвојбени мотиви, е принуден сè повеќе и повеќе да се снаоѓа зад превезот на недореченото и магливите концепти како „лоша ѕвезда“ и „судбина“. Објавен во 1942 година – што, според многу критичари, е само едно од нештата што ги дели со Камиевиот Странец – "Семејството на Паскуал Дуарте" го открива зачетокот на многу техники карактеристични за Села – вербалната ноншалантност, балансираниот хумор, гротексното насилство – и коренито го освежува веќе уморниот реализам на Шпанија на прагот на уште еден бурен период од нејзината историја.
Види повеќе
Види повеќе
Издавач
Издавач
Арс ЛИБРИС
Детали за производот
Детали за производот
Информации за испорака
Информации за испорака
Цената на испорака за Скопје е фиксна и изнесува 100ден.
Испораката надвор од Скопје е фиксна и изнесува 150ден. доколку плаќате при испорака и 100ден. доколку плаќате со уплатница
Сите нарачки над 1500 ден се со бесплатна испорака на територијата на цела Р. Македонија.
За повеќе види тука