Премини на информации за производот
1 исклучено 2

Сестрите Романови

Хелен Рапапорт

Редовна цена ден 550.00 MKD
Редовна цена Продажна цена ден 550.00 MKD
Попуст Распродадено
/

Приказна за историска вистина, за изгубените животи на ќерките на царот Николаj и Александра.

17 јули 1918 година. Четирите девојки се симнале по дваесет и трите скалила во подрумот на една куќа во Екатеринбург. Најстарата имала дваесет и две години, најмладата седумнаесет. Заедно со родителите и со тринаесетгодишниот брат, сите четири се бездушно убиени. Виновни се за тоа што биле ќерки на последниот цар и царица на сите Руси.

Во книгата „Сестрите Романови“ познатата авторка на биографии, Хелен Рапапорт, им нуди на читателите досега најавтентична приказна за големите кнегињи Олга, Татјана, Марија и Анастасија. Црпејќи материјал од нивните необјавени писма, дневници, документи од приватни архиви, насликала впечатлив портрет на нивниот живот во последните денови од династијата Романови. За првпат нивните животи се прикажани од детството, па сè до младешките вљубувања, прикажани се нивните сништа, надежи и напорниот соживот со нивната болна мајка и братот хемофиличар, потоа и траумите што им ги носи Револуцијата.

Види повеќе

„Хелен Рапапорт насликала привлечен портрет на проколнатите големи кнегињи.“ – Пипл магазин

„Едноставно неверојатно… Вака треба да се пишуваат историските книги.“ – Алисон Вир

Издавач

Култура

Детали за производот

ISBN: 978-608-262-062-6
Година на издавање: 2020
Број на страници:

Информации за испорака

Цената на испорака за Скопје е фиксна и изнесува 100ден.

Испораката надвор од Скопје е фиксна и изнесува 150ден. доколку плаќате при испорака и 100ден. доколку плаќате со уплатница

Сите нарачки над 1500 ден се со бесплатна испорака на територијата на цела Р. Македонија.

За повеќе види тука