Чуварите на книгата
Џералдина Брукс
Во 1996 година, Хана Хит, стручњак за ретки книги, ја добива работата за која сонувала: конзервирањето на Сараевската хагада, чудесна книга која, освен непроценливата естетска вредност, има и длабока морална поука. Единствена и прекрасна, Хагадата е една од најстарите еврејски книги што е илустрирана со цртежи на живи суштества.
Меѓу кориците на таа книга, Хана ќе открие цела низа необични траги - дел од крило од планинска пеперуга, дамки од крв и од вино, бело влакно и зрна морска сол - па затоа решава по секоја цена да ја открие загатката што ја крие книгата. Ќе се нурне во минатите времиња, следејќи ги сите ужаси низ кои поминала книгата од мигот кога настанала: нацистичката окупација на Сараево во текот на Втората светска војна, мрачната инквизиција во Венеција, што сакала да ја изгори Хагадата на клада, страшното прогонување на Евреите од средновековна Кастилија, маварските палати на Андалузија, во кои емирите бескрупулозно се борат за превласт...
Види повеќе
Види повеќе
Издавач
Издавач
Матица
Детали за производот
Детали за производот
Информации за испорака
Информации за испорака
Цената на испорака за Скопје е фиксна и изнесува 100ден.
Испораката надвор од Скопје е фиксна и изнесува 150ден. доколку плаќате при испорака и 100ден. доколку плаќате со уплатница
Сите нарачки над 1500 ден се со бесплатна испорака на територијата на цела Р. Македонија.
За повеќе види тука