Премини на информации за производот
1 исклучено 2

Господ, па Америка : есеи

Румена Бужаровска

Редовна цена ден 340.00 MKD
Редовна цена Продажна цена ден 340.00 MKD
Попуст Распродадено
/

Пишувам за Америка на критичен начин, кој е, исто така, полн со љубов (а како поинаку се пишува за земја што добро ја познавате?) Или, пак, за човек.

Румена Бужаровска ја открива Америка. Што има зад сцената? Крената ли е завесата како знаме? Знаме со ѕвезди или со краци. Или бело знаме?

Спомени, мириси, слобода. Отуѓеност, страв, стереотипи, пушки. Америка е синтеза. Точка на вриење. Почнувајќи од најраното детство во Аризона и американските училишта, па сè до средби кои го менуваат животот и познанства што не стигнале да прераснат во пријателства. Во овој свет каде е невозможно да се остварат долготрајни пријателства – што создава друга болка, осаменоста – тешко е човек да се потсетува. А камоли да напише длабоки есеи, кои не се само критичко видување, туку истовремено и личен, вонвременски дневник кој бара соголување на душата и на безмилосната стварност, токму каква што е Америка.

Види повеќе

Молитвите завршуваат со амин, животот со смрт, есејот со точка (најчесто). Ретко, токму како во овој случај, завршуваат во книга која е опасна за припадноста на читателот. Ќе го предизвика да си припаѓа себеси, без разлика во која земја живее.

Патописи за Америка што се многу повеќе од тоа – од секоја средба со американско место и жител, Румена развива приказна во спој со личните искуства, низ која се изместуваат познатите перспективи.

Калина Малеска, писателка, преведувачка и професорка

Ги поминав истиот пат како авторката на патописите, и не ми беше толку интересно колку што ми беше додека ја читав оваа книга. Или јас сум глупав, или книгава е многу добра.

Срѓан Драгојевиќ, режисер и сценарист

Ако во расказите Бужаровска е ненадминлива, во есеите е – па, Господ!

Петар Андоновски, писател

Издавач

Издавачки центар ТРИ

Детали за производот

ISBN: 9786082309651
Година на издавање:
Број на страници:

Информации за испорака

Цената на испорака за Скопје е фиксна и изнесува 100ден.

Испораката надвор од Скопје е фиксна и изнесува 150ден. доколку плаќате при испорака и 100ден. доколку плаќате со уплатница

Сите нарачки над 1500 ден се со бесплатна испорака на територијата на цела Р. Македонија.

За повеќе види тука