Премини на информации за производот
1 исклучено 2

Менталниот склоп на детето: Дванаесет револуционерни стратегии за нега на развојот на детскиот ум

Даниел Џ. Сигел , Тина Пејн Брајсон

Редовна цена ден 450.00 MKD
Редовна цена Продажна цена ден 450.00 MKD
Попуст Распродадено
/

Во оваа научно поткрепена, но истовремено и мошне практична книга, Даниел Џ. Сигел и Тина Пејн Брајсон ни нудат револуционерен пристап кон воспитувањето деца придружен со дванаесет стратегии што помагаат за здрав развој на детскиот мозок, а со тоа и поспокојни и посреќни деца. Како што објаснуваат авторите, „горниот мозок“, кој донесува одлуки и е одговорен за емоциите, е „во изградба“ сè до средината на дваесеттите години од животот, а особено кај малите деца, токму десната страна на мозокот и емоциите доминираат врз логиката на левата страна. Затоа не е ни чудно што децата приредуваат тантруми, се расправаат едни со други или молчат намуртени. Преку примената на овие откритија во секојдневното родителство, можете да ги претворите испадите, расправиите или стравовите во можност за интеграција на мозокот на вашето дете и негов растеж.

Види повеќе

Во книгава ќе најдете и стратегии соодветни за возраста на детето, кои ќе ви помогнат при справување со секојдневните борби и предизвици, како и илустрации што ќе ви користат да му ги објасните овие концепти на вашето дете.

„Менталниот склоп на детето“ ви покажува како да негувате здрав емоционален и интелектуален развој за вашите деца да живеат живот полн со урамнотеженост, смисла и поврзаност со другите.

Издавач

Антолог

Детали за производот

ISBN: 978-608-243-536-7
Година на издавање: 2022
Број на страници: 224

Информации за испорака

Цената на испорака за Скопје е фиксна и изнесува 100ден.

Испораката надвор од Скопје е фиксна и изнесува 150ден. доколку плаќате при испорака и 100ден. доколку плаќате со уплатница

Сите нарачки над 1500 ден се со бесплатна испорака на територијата на цела Р. Македонија.

За повеќе види тука